Категории

За последните денови од летото избираме најромантични костими за капење

Сигурно некогаш сте се сончале во црно-бел едноделен костим за капење или па сте пливале во базен во бикини.

До крајот на летото останува многу малку, па време е да пробате друг тренд за на плажа, овој пат поромантичен.

Германската русокоса манекенка Маја Степер обожава едноделен костим за капење со нежни розови цветови, а Французинката Сабина Сокол претпочита ретро-бикини со сини делови инспирирани од цвеќиња. Најголем избор костими за капење ќе најдете во колекциите „Peony“, „Reformation“ и „Zimmermann“. Тајната на идеалниот модел лежи во разиграните набори и се разбира, најприродниот дезен од вашите омилени крем десерти, сладолед и француски бонбони.

Прегледи:
509
Објавено на:
25.08.2019