Токму сега, одвојте миг да размислите каква помош ви е потребна. И тогаш изразете го со зборови, тивко или гласно, барајќи помош во молитвата
„По долгогодишно проучување на божествената интервенција, убеден сум дека за време на празничната сезона, Бог и ангелите ги прифаќаат нашите молитви уште повеќе отколку во други периоди од годината. Тие знаат колку може да биде тежок тој период. Чувството на емоционална и финансиска несигурност е вообичаено во овој период од годината. Затоа е важно да се молиме за помош.
Токму сега, одвојте миг да размислите каква помош ви е потребна. И тогаш изразете го со зборови, тивко или гласно, барајќи помош во молитвата. Почувствувајте го ослободувањето додека му го предавате на Бога за исцелување.
Дури и ако не верувате, дури и ако чувствувате дека не го заслужувате тоа, дури и ако сте загрижени за тоа како вашата молитва воопшто може да биде одговорена… Бог ја слуша и ќе одговори на вашата молитва на најдобар начин за сите “. Рекла Дорин Вирту, психолог, терапевт, автор на бројни книги за религијата и продуховението.