Категории

За здрава кожа на скалпот – Погрешни мислења кои не треба да ги следите

Состојбата како што е сувата кожа на скалпот, детматитисот, псоријазата, егезмот, габичните инфекции или едноставно реакциите на одредени козметички препарати со кои ја третираме кожата, најчесто резултираат со перутање на кожата на скалпот.

Постојат доста митови за кожата на главата кои ни испраќаат сигнали дека нешто не е во ред и нешто правиме погрешно. Овие популарни мислења се сосема неточни и треба да престанете да се раководите според нив.

1.Причината за првут е сувата кожа на скалпот
Ако вашата кожа е сува или имате проблем со дерматитис кој резултира со сува кожа, тоа дефинитивно може да предизвика лупење и чешање. Меѓутоа, и масниот корен исто така може да биде причина. Тоа е затоа што одредена врста на габи – оние кои се поврзани со себореичниот дерматитис – се хранат од маслото (себумот) кој го лачи вашата кожа на главата. Тие се појавуваат на особено масен корен. За да можете ефикасно да го третирате проблемот со првут, морате прво да откриете дали вашиот корен е масен или сув.

2.Третманот со масла е најефикасниот начин на лечење на првутот
Третманот со врели масла е еден од најпопуларните домашни третмани кои можете да ги најдете на интернет како ефикасен лек против првут. За да забележите ефекти, треба да нанесете кокосово или маслиново масло директно во коренот. Но дали вистински делува?
Да, но само ако вашиот корен е сув. Ако лушпите се предизвикани од масна кожа, нанесувањето на повеќе масло едноставно ќе ви направии лепливи и масни лушпи на кожата.

3.Ако имате првут треба поретко да ја миете косата
Ако претспоставувате дека првутот е настанат поради сува кожа на главата, ваквото третирање може и да има некој ефект. Без оглед дали причината е сувост или масност, всушност би требало редовно да ја миете вашата коса, со цел да лушпите да се отстрануваат почесто и да не се насобираат остатоци од препаратите во коренот.

Најефикасен начин на лечење на првутот е употреба на шампон според рецепт од доктор. Треба секојдневно да ја шампонирате косата и тоа два пати неделно со шампон против првут. Ако имате природна коса, само еднаш неделно би требало да користите шампон против првут.

4.Пилингот на главата е непотребен
Пилингот на кожата на главата повремено звучи и екстремно, и за поголемиот дел од нас и е. Но ако се обидувате да го излечите првутот а особено ако причината за неговото настанување е наталожениот слој на препарати на кожата на скалпот, тогаш пилингот е пожелна терапија а освен тоа ќе ви годи.

5.Не смеете да користите производи за стилизирање на косата ако имате првут
Ако се борите против првут можеби сте помислиле дека треба да се држите настрана од било какви производи за обликување на косата и коренот. И генерално тоа е добра идеа како и претходното истражување околу производите кои ги користите со цел да откриете дали тие ви предизвикуваат иритација. Ако можете исто така е паметно да ја намалите употребата на препарати за стилизирање на косата со цел да ја намалите можност за влошување на проблемот со скалпот.

Постојат многу причини кои доведуваат до лушпи кожа на скалпот како што е првутот. Ако забележите лушмпи на коренот или на косата тоа може да биде последица од некои од следните проблеми:

Себореичен дерматитис е состојба која може да предизвика првут или лушпи на главата. Често се појавува како црвен, натечен масен осип кој може да има и жолти лушпи. Исто така себореичниот дерматитис не е ограничен само на коренот на главата, може да се пронајдат траги и на веѓите, брадата, ушите, градите и останатите предели на кожата.

Контактен дерматитис е реакција на нешто што ја иритира вашата кожа или нешто на кое сте алергични. Во двата случаи предизвикува црвен осип кој чеша, кожата е воспалена и набабрена. Тоа исто така може да предизвика вашата кожа да стане сува, што може да доведе до создавање лушпи. Ако имате контактен дерматитис на коренот тоа може да биде последица од реакција од шампон, регенератор или производ за обликување.

Псоријаза на коренот е уште една причина за создавање првут во коренот, но изгледа малку поинаку. Псоријазата е автоимуна состојба која резултира со дебели, сребрени дамки на кожата кои се лупат и чешаат. Кога се наоѓа во вашиот корен, тоа може да предизвика сувост, чешање, крварење, пецкање и болка.

Егзем е општ термин кој опишува неколку различни состојби. Најчестиот облик на егзем е атописки дерматитис, кој изразува суви, црвени дамки на кожата кои чешаат и можат да се лупат. Атопискиот дерматитис најчесто се забележува на места како што се дланките, превоите на зглобовите, стапалата.. Но исто така може да го има и во коренот.