Категории

Заблагодарете се за затворените врати – Само така ќе ги видите оние кои цело време биле отворени пред вас

Немојте да се понижувате кога ќе видите дека некој ве турка од нивниот живот. Прочитајте ги знаците што ви ги испраќаат луѓето и заминете пред да морате да клекнете на колена, престанете да молите и да барате знак на внимание. Трошка од нечија наклонетост. Не правете го ова на себеси, чекорете со крената глвата и бидете свесни колку вредите! Заблагодарете им се на оние кои не ја препознаа вашата вредност. Заблагодарете им се што ви покажаа колку отворени врати има пред вас, а вие не можевте да ги видите.

Немојте да молите некој да ви биде близок. Само заминете си. Кога вашето присуство не им значи ништо, најдете некој кој ќе знае да го цени тоа. И повлечете се во вашата тишина. Во светот од другата страна на вашата душа. Најдете ја вашата сила таму. И научете да се грижите за себе. Најдете нова причина за среќа. Најдете ново рамо за да ја соберете целата своја тага и да ја закопате во земја. И потоа повторно вдишете живот. Почнете да верувате, сонувате и живеете од почеток. Нема да пропуштите ништо повеќе од она што беше. Затоа што сте на прагот на новиот живот, стои вашето ново јас.

Прегледи:
461
Објавено на:
20.12.2021