Категории

Заборавот не се случува преку ноќ – Но ќе дојде ден кога едноставно нема да е важно

Да заборавиш некого не е така едноставно, не се случува преку ноќ. Не е едноставно бришење на телефонскиот број и палење на старите фотографии. Не е затворање на вратата без да погледнеш назад. Не постои магично бришење, не постои нов чист почеток, никогаш не нов почеток.

Да продолжиш понатаму е се правиш дека не ти потскокнува срцето на секој спомен на нивното име, да ја заборавиш бојата на нивните очи. Да лежиш буден во ноќите обидувајќи се да заспиеш но не можеш затоа што ти недостига, и да се убедуваш себеси дека си добро.

Да не погледнеш на другата страна од улицата, да не погледнеш кон нивниот прозорец. Да гледаш во туѓи очи и да се правиш дека не чувствуваш како оштици ти се забиваат во срцето и горчина во грлото. Да продолжиш понатаму е да  го пиеш своето кафе онака како што го сакаа тие и да се прашуваш зошто иако тебе воопшто не ти се допаѓа. Да продолжиш понатаму е да ти треперат дланките додека ги бришиш пораките стари дваесет и две недели.

Евентуално, ќе заборавиш каков изгледа допирот на нивната кожа и каков беше нивниот мирис, но ќе го паметиш чувството кое тие ти го дадоа, тоа нема да го заборавиш никогаш, но и покрај тоа ќе продолжиш понатаму затоа што еден ден нема повеќе да биде важно.

Прегледи:
612
Објавено на:
08.11.2020