Дали размислувате за новогодишните одлуки? Како што се приближува 2022 година, ова е идеално време да размислите за промените и подобрувањата што можете да ги направите во наредната година. Во тој случај имаме одличен предлог за вас – афирмативни мисли!
Афирмациите се едноставни мисли или реченици кои ви помагаат да останете фокусирани на позитивното околу вас без да дозволите негативните мисли да ве блокираат или да ве обземат. А кога размислуваме позитивно – тогаш постапуваме позитивно! Афирмативните мисли можат да бидат одличен сојузник во постигнувањето на новогодишните цели, затоа вашата одлука оваа година нека биде да започнете да користите афирмации.
Како правилно да ги користите афирмациите?
Позитивните потврдни изјави може да се користат на почетокот или на крајот на денот. Сами одлучувате низ колку афирмации ќе поминете во еден ден. Можете да започнете полека, со една потврда дневно за која ќе одвојувате по пет минути секој ден, а по желба и потреба можете да воведете повеќе од нив дневно.
Ви предлагаме секој пат пред да започнете да вежбате афирмации, прво да ги смирите телото и умот со помош на длабоки воздишки. Кога сте смирени, повторете ја секоја потврда најмалку 2 до 3 пати. Концентрирајте се на нив и оставете ги да ви го наполнат умот. Повторете го овој процес додека не стане секојдневна навика.
Најважниот аспект на ефективни афирмации е да верувате во она што си го кажувате. Затоа, изберете неколку позитивни афирмации кои најмногу ви се допаѓаат и често повторувајте ги.
Подолу ви пренесуваме 30 афирмации кои можете да ги внесете во вашата новогодишна рутина:
- Благодарен сум за новиот почеток.
- Решен сум да одам напред и да ги остварам моите соништа.
- Во новата година влегувам со отворен ум и срце.
- Го оставам минатото и ја дочекувам иднината.
- Благодарен сум за лекциите што ги научив во текот на изминатата година.
- Благодарен сум за можностите што ги имав и за новите можности што доаѓаат.
- Горд сум на она што го постигнав.
- Ја избирам среќата наместо да бидам во право.
- Подготвен сум да бидам пољубезен кон себе.
- Решив да го гледам светот со повеќе љубов.
- Ги ценам оние кои ме поддржуваат.
- Се ослободувам од навиката на страв и ја избирам навиката за љубов.
- Одлучувам да имам повеќе сочувство за оние околу мене.
- Посветен сум благодарноста да ја направам моја секојдневна навика.
- Убаво е да ги цениш другите и да бидеш ценет.
- Заслужувам да бидам среќен.
- Во 2022 година ќе живеам повеќе во сегашниот момент.
- Се сакам и почитувам себеси.
- Се откажав од потребата да направам се да биде совршено.
- Ќе бидам потрпелив со себе во 2022 година.
- Јас верувам во себе.
- Оваа нова година си создавам здрави граници за себе.
- Јас сум достоен за се што е добро.
- Ја ослободувам потребата од туѓо добро мислење за мене.
- Го ослободувам стравот од неуспех.
- Подготвен сум да добијам љубов, среќа и успех во мојот живот.
- Подобри работи ми доаѓаат.
- Ја сакам личноста што станав.
- Добро ќе се грижам за моето здравје во 2022 година.
- Ја прифаќам промената и прифаќам раст.