Категории

Зборовите сечат по остро од меч – Внимавајте што им зборувате на другите и како им се обраќате

Внимавајте како им зборувате на другите и како им се обраќате.

Силата на зборовите е неверојатна, силата на мислите е неверојатна. Својата искрена мисла претворете ја во збор, спакувајте ја во целофан од љубов и поклонете ја некому.

Тесла бил во право: „Една човечка мисла може да ја промени насоката и текто на целиот Космос.“

Ние сме сеуште мали за да го разбереме тој принцип кога е во прашање целиот Космос, но бидете сигурни дека можете да го промените личниот Космос со тоа што му го упатувате на некој кога му е најпотребно, важна сугестија, пофалба, мотивација, поддршка од срце, искрено и без ласкање.

Кажете им на другите дека верувате во нив. Пофалете го нивниот талент или личност. Нечиј живот може сосема да се промени. Некому му фали една капка за сосема да се скрши, а вие всушност во тој миг безусловно му понудувате чаша полна со љубов.

Зборовите упатени кон другите се акко меч. Можете да ги пресечете за целиот живот, да им направите такви емоционални рани и да ги убиете во поим од што тие веќе никогаш не ќе можат да се опорават или барем не во таа мера во која треба. Затоа, внимавајте!

Не чекајте другите да делуваат, вие направете го првиот чекор. Космосот нема да остане рамнодушен спрема вашето дело. Сите сили ќе се издигнат за ви помогнат.
Една стара поговорка вели: „Силните луѓе не ги спуштаат луѓето долу, тие им помагаат да се издигнат горе.“

Затоа, внимавајте што зборувате и како им се обраќате на другите.

Прегледи:
493
Објавено на:
09.01.2020