Со денешниот глобален тренд на здрава исхрана лесно може да започнете промена во вашиот животен стил, но започнете со мали промени во вашето секојдневие кои ќе ви донесат позитивни промени.
Растително млеко како замена за кравјото, семки кои ќе ви дадат повеќе енргија и ќе го регулираат вашиот дигестивен систем, здрави грицки со најразлични вкусови, но и разновидни витамини и суплементи за совршено здравје.
Растително млеко
Зошто да одберете растително млеко? Имате голем избор на растителни млека, од кокос, бадем, соја, ориз…сите се богати со многу витамини и минерали, а сите се со неодолив вкус. Заменете го млекото од животинско потекло, кое често е полно со хормони кои не се здрави за човекот, со некое од овие млека. Растителните млека се препорачуваат како замена за жените кои имаат проблем со хормони или цисти, за оние луѓе кои немаат толеранција на лактоза или било каква алергија од млечни производи.
Додадете ги во вашето кафе или направете шејк со нив, а пробајте направете и чиа пудинг.
Суво овошје за енергија
Доколку не можете да си го замислите денот без да јадете благо, но истовремено сакате да внимавате на вашата телесна тежина – пробајте сушено овошје. Важно е да внимавате да не е произведено со додатни бои и шеќери, а изборот е голем и практично е да ги понесете со вас и да ги конзумирате сушените овошки секаде.
Црн чај за добро утро
Кофеин има и во кафето и чајот, но зошто можеби поздрава опција ви е чај? Содржи помалку кофеин во сооднос со кафето, а за да ја испите истата количина кофеин би конзумирале повеќе течност. Поголемата количина течности и тоа како е добра за вас, па така можеме да го ставиме чајот како добра земена за кафето, доколку ви е потребна поголема хидратација.
Забрзајте го метаболизмот и слабејте
Брзиот метаболизам значи и побрзо согорување на храната, шо значи и помало таложење на масни наслаги. При правилно избалансирана исхрана и внес на состојки кои го забрзуваат метаболизмот, резултатите ќе ги забележите брзо. Континуираното пиење на вода во текот на денот, зелениот чај, внесувањето на чили, циметот, ѓумбир, но и овес и бадеми, значи природно забрзување на вашиот метаболизам.
Киноа. хељда, просо…?
Хељдата, со потекло од Азија, главно се консумира во северните земји на Европа. Семките кои наликуваат на триаголник се одличен извор на дури осум есенцијални аминокиселини, влакна, минералите манган и магнезиум. Амарант, света билка на античките Грци и е лесно сварлив извор на белковини. Како растение има исклучително богатство на калциум и железо заради што се комбинира со житарици како ориз, зелен листест зеленчук како блитва и спанаќ. Типично за сите житарици е што содржат растителни влакна кои го олеснуваат варењето на храната. Кога зборуваме за киноа треба да се нагласи дека влакната се разложуваат во вода и заради тоа се користи за регулација на столицата. Богата е со белковини, витамин Е и Б2.
Како да ги внесете во исхраната? Додадете во супи или манџи, зошто да не и во комбинација со салата?