Категории

Згответе оригинални италијански лазањи: Вкус кој не се заборава! (РЕЦЕПТ)

Италијанците, како и цел свет сметаат дека лазањите потекнуваат од Болоња, но всушност настанале во Грција. Името го добиле по глинената тепсија во која се печеле. Италијаните го усовршиле рецептот, како што одминувале годините – редовно го приготвувале и сега лазањите се нивно традиционално јадење.

Состојки:

  • 500 г кори за лазањи

За сос:

  • 250 г мелено јунешко – од бутот
  • 250 г мелено свинско – од бутот
  • 500г сос од домат (најдобар е домашниот доколку имате, а ако не може и купечки)
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1/2 шолја ситно сечкан корен од целер
  • 1/2 шолја ситно сечкан морков
  • 1 поголем ловоров лист

Бешамел сос:

  • 1 лажичка путер
  • 1 литар свежо млеко
  • 2 супени лажички брашно
  • шолја свежо рендан пармезан

Подготовка:

За редење на лазањите неопходна е правоаголна тепсија, може и огноотпорна чинија. Потоа подгответе г првиот сос (бидејќи веќе имате кори). Ситно исечканите кромид и лук, морковот и целерот пропржете ги на маслиново масло. Додадете мелено месо и пропржете, посолете и побиберите. Потоа додадете го сосот од домат и ловоров лист. Поклопете да се крчка половина час.

Бешамел сос: истопете путер во тефлон лонец, тргнете го од оган и додадете брашно. Вратете го на оган и мешајте интензивно додека не се добие убава глазура. Тргнете го повторно од оган и полека додавајте ладно млеко мешајќи секој пат додека не се потроши млекото.

Ставете масло на тепсијата и ставете го првиот ред на корите за лазањи. Ставете ред месо, лажичка рендан пармезан и кутлача бешамел. И сѐ од почеток додека не се потроши филот.

Пред крај истурете го бешамелот и пармезанот, а потоа на последната кора додадете малку сос од домат. Печете во рерна 20 минути на 180 степени.

Прегледи:
811
Објавено на:
28.12.2018