Категории

Жената која се сака себеси ги има овие навики

Нашето тело е нашиот темел. Жената која секогаш го оценува своето тело не е онаа која се цени себеси. Ако телото не е во ред, тогаш ни душата не е!

Женски навики

Навиката да се спие доволно е неопходна за убавина и склад помеѓу умот и душата. Недостатокот на сон доведува до уништување на физичката убавина, го нарушува хормоналниот баланс, доведува до анксиозност и депресија. Да не ги споменуваме брчките и подочниците. Цените се себеси – легнувајте на време.

Одморајте кога ќе почувствувате замор. Не глумете херои и луѓе кои се добри за другите. Неадекватен одмор доведува до неподготвеност за работа, депресија како и прекумерна тежина.

Вкусните и здрави оброци се многу важни. Не е залудна изреката: „Она си што јадеш“. Жената која се сака себеси никогаш нема да изеде некоја „гадост“, туку кон своето тело се однесува како грижлив родител кон своето дете. Ценете се себеси – хранете се здраво и вкусно!

Ако сакате да вежбате – во ред! Вежбајте. Запишете се во теретана. Но, пред тоа, секој ден одвојте по 20 минути да се одморите и 20 минути да прошетате. На телото му е потребно движење. Но, вишокот движење исто така го уништува телото. Најважно е да одредите граници!

Грижливото негување на своето тело не подразбира маникир еднаш годишно, туку постојано негување. Не поради мажот, туку поради себе! Ценете се себеси и секогаш внимавајте на себе.

Сексот е исто така многу важен. Но, кога е посакуван. Не затоа што сексот е вечерва на распоред или затоа што мажот сака, туку затоа што вие сакате. Само така ќе се задоволите себеси и мажот. Ценете се себеси и своето тело и не го форсирајте!

Засакајте го вашето тело онакво какво што е, а тоа ќе ви ја возврати љубовта со добро здравје!