Категории

Жени – Внимавајте на овие нешта додека владее пандемијата на корона вирусот

За овие нешта морате да водите апсолутна грижа!

Сите податоци велат дека епидемијата повеќе влијае врз мажите отколку врз жените. Меѓутоа, здравствените, а особено социјалните и економските ефекти на жените се огромни. Затоа е важно жените да ги намалат сите ризици колку што е можно повеќе.

Прекинете со радикалните диети
Првата одбрана на телото од секоја болест е имунитетот. За да го зачувате имунитетот неопходно е да го поштедите организмот од секој стрес. Стресот може да предизвика нагло нарушување на рамнотежата на организмот, како што е гладувањето, редукцијата на исхраната, недоволниот сон, и сфрлањето на одредена група на намирници од организмот.
Во текот на епидемијата особено важно е да ги прекините диетите. Тоа не значи дека треба да се прејадувате, особено внимавајте да не внесувате голема количина на шеќер во организмот и внимавајте да се храните здраво и балансирано. Никако не прескокнувајте оброци!

Спијте доволно и релаксирајте се
Стресот и анксиозноста се особено забележани во голем број случаи кај жените повеќе отколку кај мажите, првенствено поради тоа што жените се почесто задолжени за домашните набавки, додека мажите се грижат само за капиталните инвестиции (реновирање, автомобил, мебел). Со оглед на проблемите околу снабдувањето во текот на епидемијата, жените се под поголем притисок поради планирање на набавките за домаќинството за најмалку две недели колку што може да трае евентуалниот карантин.

Прилагодете ја облеката така што полесно ќе можете да одржувате хигиена
Бирајте облека од природни материјали која лесно може да се пере во машина.
Наместо пантални и сакоа од штоф кои морате да ги носите на хемиско чистење, носете панталони и јакни од памучни материјали. А наместо џемпери кои мораат да се перат рачно, носете џемпери од мешавина која се пери во машина.

Прилагодете ја шминката
Скратете ги ноктите колку што можете за полесно миење. Имајте на ум дека морате да носите нараквици и долгите нокти можат да бидат проблем.Кога ќе излезете од дома морате да внимавате да не го допирате лицето. Немојте да претерувате со шминката.

Немојте да трпите никакво насилство ни во вонредна состојба
Кога илјадници луѓе одеднаш ќе се најдат во своите домови со ограничена можност на движење и зголемена напнатост и стрес, доаѓа до евентуални несогласувања дури и насилство.

За жал првите извештаи на активистите за заштита на правата на жените во Кина покажаа дека тоа се случило токму во текот на епидемијата на корона вирусот.

Немојте да дозволите изолацијата да ги прекине вашите контакти со роднините, пријателите и колегите. Било какво насилство во домот – ПРИЈАВЕТЕ ВО ВЕДНАШ И НЕМОЈТЕ ДА ЧЕКАТЕ ДА ПОМИНЕ ЕПИДЕМИЈАТА!

Прегледи:
500
Објавено на:
26.03.2020