Категории

Животот никогаш нема совршено да ги состави вашите коцки – Но на крајот секогаш се ќе биде на свое место!

Секоја вечер си велам само едно: Не се нервирај, што беше – беше. Животот никогаш нема совршено да ги состави вашите коцки. И не мора. Тоа никому не му го прави. Луѓето се вознемируваат и мислат дека се ќе биде како што сакаат. Но нема. Животот не функционира така. Понекогаш се чувствувате како да летате. Понекогаш паѓате. И сето тоа е знак дека живете и дека сте искусиле нешто на овој свет, колку и да не успеало на крајот, вие се обидовте.

Забавете го животот, чекорете со темпото со кое оди душата. Не се обидувајте да ги направите сите среќни, расположени, воодушевени. Ниту треба, ниту можете. Ви треба само малку мир и блискоста на луѓето кои ве разбираат без многу зборови. Затоа што само кога го правите сопствниот свет подобар, пожете да го направите и туѓиот. Навечер посакај само едно, да го закопаш минатото, за утре да подготвиш место за малку подобра иднина.

Прегледи:
414
Објавено на:
04.01.2022