Животот е постојана борба помеѓу тебе и некотролираната сила која ти создава болка. Луѓето се борат со товарот на грбот..
Секојдневно секој од нас се преправа дека е добро, но всушност најчесто не е. Би се насмевнале, би се поздравиле и би комуницирале весело, и покрај демоните во нашите глави. И воопшто не станува полесно секој ден да се пробудил и да се соочиш со истите гриже кои претходната вечер си ги оставил. Но тоа не е крај на светот, мораш да продолжиш и да се туркаш себеси и својот живот понатаму.
Во овој живот живееме со болка, со сомнеж и грижи. Некои се безнадежни во своите ситуации. Некои умираат поради тешки болести. Некои се осамени и преплашени. Некои се насред ништо а некои се како и ти. И сетоа тоа околу нас создава некои стереотипи и негативна енергија со која луѓето се поврзани.
Секоја личност има грижи во својата глава. Без оглед на тоа какви се, знај дека не си сам. И на крајот на денот, ти си сопствениот херој. Кога се чувствуваш слабо, немој да бараш ничии раце, подигни се и стани својот најголем навивач.
Секој ден на својата тежина додаваме уште една, како камен. Но би било добро секој ден и да исфрлаш по еден од својата тежина. Не е едноставно, сигурно го мислиш тоа, но знај дека е возможно!
Сосема е во ред да не бидеш добро. Во ред е да чувствуваш се наеднаш во исто време Во ред е да направиш грешки и нешто да упропастиш. Не заборавај, секогаш постои нова шанса за нешто да се направи од почеток и нешто лошо да не се случи повтрорно, но тогаш ти ќе имаш искуство затоа што веќе си го поминал тоа и ќе знаеш како да делуваш поинаку, подобро.
Животот е станување и покрај болката и поразот. Без оглед на тоа што го чувствуваш, мораш да станеш затоа што тоа е она кое останува во твојот живот и е вредно за секој аборба.
На тебе останува целата одговорност, животот е твој и само твој и ќе го водиш до крај. Не се откажувај, остани на својот пат. Биди храбар и биди борец. Секогаш постои надеж. Повторувам, секогаш постои надеж!
Направи си услуга на себеси, и никогаш не се откажувај.
Бори се низ стресот, бори се низ стравовите. Бори се против сите негативни околности во твојот живот. Бори се низ демоните кои те следат.
Стани, баш како и денот. Подигни се без страв. Стани и направи го тоа уште илјада пати.