Категории

Зошто да го посетите Санторини?

Зошто да го посетите? Веројатно на сите ви е добро познат и секој од вас има желба да отпатува таму.

Санторини е најсликовитиот, најпопуларниот и туристички најпосетуваниот остров во Грција, кој и’ припаѓа на островската група Киклади. Ова е типичен грчки остров со вулканско потекло, кој заедно со околните острови завзема површина од 90,6 километри квадратни.

Тука ќе го доживеете најубавото зајдисонце, а заедно со целокупниот амбиент е совршеното место за романтично бегство со вашиот парнер. Прекрасните пејсажи и плажи, црниот вулкански песок, интригантните археолошките наоѓалишта и тони историја ќе ви пружат вистинско уживање и авантуристички одмор истовремено.

Должината на брегот на Санторини е 69 километри, а неговите плажи се едни од најубавите на Медитеранот. Прекриени се со бел, сив или црн песок, а водата е длабока и кристално чиста.

Познатите плажи на Санторини се наоѓаат во главно долж источната и југоисточната страна на островот, а секоја од нив има посебни карактеристики. Повеќето плажи се многу добро организирани, опремени со лежалки, чадори, имаат голем број на кафулиња и ресторани, а повеќето од нив нудат и одлични услови за спорт на вода.

Санторини е остров кој настанал после гигантска вулканска ерупција во 1500 год. пр.н. е. На средината на островот се наоѓа лагуната Калдера и токму погледот врз неа од околните села е незаборавен.

Ако ја сакате историјата тогаш морате да го посетите Акротири, каде што можете да видите делови од села кои се уништени за време на вулканската ерупција. Плажите се исто така феноменални. Поради вулканската природа се со црн песок иако постојат и такви кои имаат бел или розеникав песок.

Патување на Санторини нудат многу туристички агенции, но само Fly Turizam ви нуди најповолно и совршено патување на еден од најубавите грчки острови. За само 179 евра отпатувајте и видете го овој остров со богата култура, одлична гастрономија и совршени плажи.