Категории

Зошто е подобро да спиете на лева страна?

Кога се работи за спиењето, многумина би ве советувале да спиете на која било страна вас ви е позгодно. Но, всушност доктор Меркола, кој е доктор по остеопатија советува дека е многу подобро да спиете на страна, бидејќи е поздраво и плус со тоа ќе ја превенирате Алцхајмеровата болест. Сепак тој вели дека најдобро е да ја изберете левата страна. Но, зошто баш левата?

Сите знаеме дека спиењето е многу важно за физичкото и менталното здравје. Сепак, траењето на сонот е важно колку и начинот на кој спиете. Позицијата на спиење може да влијае врз здравјето, да ви помогне при одржувањето на вашата кожа млада и да ви го подобри дигестивното здравје.
Спиењето на грб може да биде опасно за оние кои патат од астма или имаат проблеми со дишењето, бидејќи може да дојде до потешкотии. Спиењето на десна страна може да предизвика дигестивни проблеми, додека спиењето на левата страна може да ги подобри.

Во холистичката медицина, објаснето е дека левата страна на телото е доминантна опуштена страна и додека спиете на оваа страна, телото има повеќе време да ги филтрира токсините, лимфните течности и да ја отфрли преку торакалниот канал и лимфните јазли. Од друга страна пак, спиењето на десна страна може да го забави целиот овој процес.

Ако до сега не сте практикувале да спиете на лева страна, кога ќе почнете ќе забележете дека вашето тело станува поефективно при исфрлање отрови, но тоа е сосема нормално.

За да почнете да спиете на лева страна, ставете си перници зад грб, со цел да не се свртите во текот на ноќта, запалете ламба од десната страна и автоматски телото ќе сака да се сврти на спротивната страна или едноставно легнете на обратната страна на креветот.

Прегледи:
526
Објавено на:
23.02.2016