Категории

Зошто никогаш не смеете да пиете кафе или чај во пластична чаша?

Кога сме надвор од домот, немаме со себе секогаш керамичка шолја од која можеме да пиеме кафе или чај што е најздрава опција, за разлика од пластичните амбалажи.

Па дури и кога луѓето планираат пикник или некоја актвност надвор од дома, честопати мораат да користат пластична амбалажа. Во канцелариите исто така можеме да видиме луѓе кои пијат кафе или чај од пластична чаша. Обично избегнуваме да се соочиме со штетните последици кои доаѓаат поради употребата на оваа амбалажа, која може да го загрози здравјето на бубрезите и црниот дроб.

Пластичните чаши се направени од бисфенол А и полипропилен. БПА полијаглехидратот се користи и за изработка на флаши и пакувања на храна. Ова се само некои од последиците и несаканите ефекти кои пластиката ги има на нашиот организам.

Тие хемикалии можат да доведат до дебелеење и други здравствени проблеми. БПА директно влијае на хормоните во телото, што го загрозува репродуктивното здравје и здравјето на мозокот. Исто така ги погодува и алфаклетките кои се задолжени за произведувањето на инсулин. Како резултат, влијае и на нивото на глукозата во телото.

Доколку трудниците се изложат на голема количина на БПА, тоа може да влијае и врз развојот на бебето во стомакот. Пластичните амбалажи имаат големо влијание и врз сексуалното здравје на луѓето. БПА влијае врз произведувањето на сперма и создава проблеми со плодноста. Од друга страна, пиењето чај од пластична чаша го погодува имунитетот.

Прегледи:
691
Објавено на:
19.04.2019