Категории

Зошто треба да почнете да користите масло од тиква?

Маслото од семки од тиква е богато со витамините А, Е, цинг, како и со омега масти. Содржи многу фотостероил кој има позитивен ефект врз високиот холестеролот.

 

Специфичните компоненти влијаат на превенција на болести на простатата и на мочниот меур, а големото количество антиоксиданти ве оджрува млади и здрави. Маслото од семки од тиква има широка употреба во кулинарството а исто така и во медицината.  Се користи во супи, салати, дресинзи итн.

Различни студии покажале дека ова масло ги подобрува симптомите на зголемена простата и е идеално за лекување на синдром на дебело црево. Исто така го регулира холестеролот и делува превентивно против артериосклерозата. Маслото од семки од тиква содржи многу корисни компоненти како Омега 3 и Омега 6 масни киселини, амино киселини, цинк, како и пристојни количини Витамин А, Ц, и Е.

Маслото има широк спектар на антиоксиданси и бета каротен. Тоа се абсорбира брзо преку кожата така што не дозволува пукање на истата и нејзино сушење. На тој начин ги намалува брчките на кожата а со тоа и знаците на стареење. Идеално е за секоја возраст и помага за зајакнување на имуниот систем, го стимулира централниот нервен систем и помага во раст на коските.

Прегледи:
2131
Објавено на:
22.09.2017