Категории

Зумба – најзабавен начин за постигнување совршена фигура и активација на сите мускули на телото

Зумба лудилото веќе одамна го „зарази“ светот, а сега го освојува и нашиот регион со ефикасните вежби кои го прават вежбањето забавно и опуштено. Комбинирајќи ги брзите и спори ритами на популарната музика од различни жанрови, зумбата ги соединува квалитетните вежби со елементи на самба, румба, салса, хип-хоп и останатите правци во музиката. Конечниот производ е спој на динамични вежби и елементи на латиноамерикански танци, поради кои се чувствувате како да сте на добра забава наместо во теретана.

На прв поглед, изгледа дека зумбата е уште еден вид во аеробикот, но ако погледнете под површината лесно ќе ја забележите разликата помеѓу зумбата и аеробик програмата. Музиката, чекорите и кореографијата се три елементи кои заедно ја прават зумба програмата единствена и револуционерна во светот на фитнесот. Комбинацијата од овие три елементи создава посебно, ново и динамично фитнес доживување!

Токму затоа, PowerHouse Pilates одлучи да отвори зумба група во својата сала во Кисела Вода. Не е потребно да знаете да играте, не е потребно да имате искуство во играњето и вежбањето – сѐ што ви треба е само добра волја. Останатото ќе дојде само по себе, а како резултат на тоа ќе изгледате подобро, ќе се забавувате на тренинзите и ќе добиете поголема самодоверба, подобро држење и структура на телото.

Покрај тоа што со вежбањето зумба ќе ги активирате мускулите на целото тело, големо внимание се придава и на естетски најзагрозените делови на телото, како што се задникот, бутовите и стомакот. На тренингот ќе се чувствувате како да сте излегле во клуб каде што танцувате на добра латино музика и не чувствувате никаков напор, напротив уживате во ритамот. Добриот тренинг подразбира добра музика и кореографија, насмеани вежбачи и позитивна енергија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Доколку се одлучите за зумба, веднаш ќе сфатите дека станува збор за вежби каде што забавувајќи трошите калории, го активирате секој мускул, а притоа не чувствувате терет. Сѐ што треба да направите е да се подготвите за тренинг, да ја земете насмевката со себе и да се упатите во PowerHouse Pilates. За доброто чувство при тренирањето и добрата енергија, воопшто не се грижете – тие доаѓаат заедно со тренингот.

Дојдете да се движиме заедно во Зумба ритамот и почувствувајте ја магијата на секој тренинг. Со овој многу популарен и забавен начин на вежбање се намалува поткожното масно ткиво, се зајакнува мускулатурата, се подобрува координацијата, но и расположението. Запознајте се со зумбата во Powerhouse Pilates во Кисела Вода секој понеделник, среда и петок. Може да се пријавите на профилите на Powerhouse Pilates на Facebook или Instagram, или на телефон: 070228840 и 072259004.