Категории

48 години од смртта на Коко Шанел: 5 легендарни изјави кои секоја жена треба да ги запомни!

Французинката Габриела Бонур „Коко“ Шанел го напушти овој свет на 10. јануари, пред 48 години. На врвот на модното царство се најдоа нејзините модернистички идеи и облеки инспирирани од машки одела, со кои внесе вистинска револуција во женската мода.

Поради сето она што го направи за жените, да се потсетиме на 5 најмудри изјави кои ни го остави Коко Шанел да се присетуваме заскеогаш.

„Грижата за изгледот почнува во срцето и душата. Производите за разубавување сами по себе нема да помогнат.“

„Во своите дваесетти жената го има лицето кое и го дала природата. Во своите триесетти, го има лицето кое сама себе си го направила. Во своите четириесетти го има лицето кое го заслужила.“

„Ништо не ја прави една жена постара од очајните обиди да изгледа млада.“

„Колку една жена се чувствува полошо, толку подобро треба да изгледа.“

„Некои луѓе мислат дека луксузот е спротивен од сиромаштоијата. Не е. Спротивноста е вулгарноста.“