Категории

5 бесплатни апликации кои се вистински спас за секоја мајка

Доколку некогаш сте за запрашале како мајките успеваат да постигнат се, верувајте не сте единствени. Одговорот лежи во неисцрпната грижа и љубов која ја чувствуваат кон своите деца, во комбинација со неколку трикови кои го олеснуваат секојдневниот живот.

Затоа, преземете ги овие бесплатни апликации кои во потполност ќе го трансформираат вашиот живот.

Child Medical History 

Оваа апликација ви овозможува да ги пратите советите на лекарите, како и сите видови на симптоми и состојби кои можат да се појават кај вашето бебе. Исто така, може да ги пратите промените во тежината, како и лековите кои се користени.

7 minute Workout 

Станува збор за најдобрата фитнес апликација во светот. Иако повеќето мајки сакаат да посветат многу повеќе време на вежбањето, нивната одговорност еднставно тоа не го дозволува, така што доаѓа до користење на оваа апликација, која вклучува кратки тренинг вежби. Тие се толку добро составени што мжат да заменат часови поминати во теретана.

Period Diary 

Иако постојат многу различни типови на апликации за надгледување на менструалниот циклус, оваа е истакната како најдобра бесплатна апликација. Во оваа апликација може да ги снимите сите симптоми, да ги закажувате дневните активности и да ја пратите својата бременост. Исто така има и опција која потсетува да земете контрацепциска пилула, како и да ве предупреди за почетокот на циклусот.

Cookpad 

Оваа апликација се заснова на илјадници вкусни рецепти. Со нејзина помош не само што ќе имате одличен избор за ручек, туку ќе знаете што точно да јадете секој ден. Со оваа апликација можете да ги пратите своите омилени автори.