Категории

5 места во домот кои мораме да ги чистиме секојдневно

Нема да се случи ништо страшно ако прескокнете некој ден со чистење на овие површини и предмети но не треба да заборавите дека редовното одржување на хигиената на домот го олеснува животот и го подобрува здравјето на сите членови на семејството.

1 Работните површини во кујната

Тука ја чистиме и сецкаме храната, ги подготвуваме оброците, ги ставаме торбите по купувањето и поради тоа често се валка.
Затоа би требало секој ден да ја чистиме и дезинфицираме.

2. Туш кабината

Најлесен начин да ја намалиме можноста од создавање на каменец и мувла е да ја чистиме секој ден. Ова особено се однесува на туш кабината која би требало по секоја употреба да ја пребришеме со сува крпа.

3.  Умивалникот

Бактериите од рацете по миењето се задржуваат на умивалникот. Тие секако не можат да се забележат со голо око. Затоа најдобро е секој ден да го миете умивалникот за да ја елиминирате потребата интензивно да го рибате каменецот од умивалникот.

4. Садовите за јадење

Освен што ако ги оставиме подолго време немиени потешко ќе ни биде да ги исчистиме садовите, тие ќе привлечат и несакани инсекти во нашата кујна. Затоа најдобро е да не ја одложувате оваа задача.

5. Подот во кујната

Ако готвите секојдневно голема е веројатноста дека ќе испрскате и ќе направите лом на и околу шпоретот.
Затоа од голема важност е на брзина да поминете со соодветен детергент и така да ја намалите можноста од привлекување на инсекти во вашиот дом.

Прегледи:
369
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
27.08.2016