Категории

5 парчиња облека на кои повеќе не им е местото во вашиот гардеробер

Иако трендовите се враќаат и никогаш не знаеме кога повторно ќе ни притреба некое парче облека, постојат облеки кои засекогаш треба да исчезнат од вашиот гардеробер. Следите парчиња можете да ги исфрлите без грижа на совест, особено ако влегувате во триесетите години од животот.

# Неудобни потпетици

Можеби во младите и луди денови не ви пречеше да добиете плускавци поради превисоките и претесни потпетици, меѓутоа повеќе нема потреба да се мачите за нешто што може да ви донесе многу повеќе штета отколку корист. Бирајте удобност пред се, а квантитетот заменете го со квалитет.

A post shared by ⚡Tezza⚡ (@tezzamb) on


# Премногу искинати фармерки

Ова парче облека дискутабилно изгледа на било кој постар од 14 години. Одлучете се за нешто со суптилни прорези, а вниманието при купување фармерки насочете го на кројот и пронајдете ги оние кои најубави ви прилегаат.

A post shared by teni panosian (@tenipanosian) on


# Прекратки здолништа

Мини здолништата изгледаат многу атрактивно особено ако вашите нозе се ваш најдобар адут. Сепак, по училишните и студентските денови, кога ќе почнете да се чувствувате посериозно, применете го тоа и на вашиот физички изглед и облекување. Мини здолништата заменете ги со елегантни здолништа со должина под колена.

A post shared by Patricia | peexo.co.uk (@peexo) on


# Патики на платформа

Овој тип на обувки повеќе не се во тренд. Заменете ги со бели патики кои одлично изгледаат во секоја комбинација.

A post shared by Jess Conte (@jess) on


# Непристојна облека за по дома

Секако дека дома не треба да бидете во фармерки, но за да се чувтсвувате во секој момент доволно средени и да можете без размислување да отворите врата на неочекувани гости или да одите до продавница, не носете облека која повеќе личи на крпа за бришење под. Купете некоја тренерка на намаление и секогаш ќе имате удобен стајлинг за по дома.

A post shared by Jelena Peric (@j_make_up) on