Таа е модна икона, добро платена манекенка, кралица на уличната мода, а сепак толку скромна. Токму така, се работи за Џиџи Хадид. Во текот на изминатите две години, нејзиното име стана многу познато меѓу јавноста, а секако дека нејзината убавина и тело играат голема улога во тоа.
Но освен тоа, неизбежно е да се каже дека Џиџи има неверојатен вкус кога се работа за модата, особено за онаа уличната, лежерната и едноставно кажано шик. Погледнете само дел од најубавите модни комбинации на прекрасната манекенка, можеби и вие ќе се инспирирате што да облечете за денешното кафе со вашата пријателка.