Категории

8 нешта што наставникот посакува родителите да прават со нивните деца дома

 

  1. Потрудете се вашето дете да чита секој ден

Наставничката од градинка на мојот син не замоли секој ден да му читаме разни приказни. Неговата наставничка во прво одделение препорача тој да чита дваесет минути секој ден пред легнување. Наставниците знаат дека течното читање се постигнува само ако децата постојано вежбаат и со родителите го повторуваат дома она што се учело на час. Затоа на помалите деца треба да им се чита додека не се осамостојат сами да го прават тоа.

  1. Помогнете им на децата да одберат книга што ќе им е предизвик за читање

Некои деца одбираат помали и полесни книги за читање и тоа е во ред. Но наставниците посочуваат дека децата треба да читаат книги што се пишувани на малку повисоко ниво, а со тоа се и малку поташки за разбирање. За тоа какви книги да им препорачате на вашите деца консултирајте се со нивниот наставник.

 

  1. Помогнете му на вашето дете да прави конекција меѓу книгите и реалниот живот

Читањето на приказна е едно нешто, сосема различно е кога истата приказна се поврзува со реални настани. Наставниците многу сакаат кога родителите им помагаат на нивните деца да ја развијат оваа вештина. Родителите најдобро ги познаваат своите деца и најдобро знаат што им се случило во животот, затоа и најлесно можат да ги насочат кон развивање на оваа вештина, да поврзуваат приказни од литературата со реални случувања.

 

  1. Читајте ги домашните задачи и обрнете внимание на насоките од наставникот

Постои причина зашто наставникот ја дава токму таа домашна задача. Не го игнорирајте советите на наставникот.

  1. Создадете добра навика за читање кај вашето дете

Настојувајте детето да чита кога сите екрани од лаптопи и телевизори се исклучени во домот. Зборувајте со вашето дете за книгата што вие ја читате во моментот, а со тоа ќе им покажете дека читањето е од голема вашност и за децата и за возрасните.

 

  1. Книгите треба да се на видливо место во вашиот дом

Сите немаат простор за огромана домашна библиотека, но неколку книги поставени на полица во собата на вашето дете можат да направат огромна разлика во неговиот развој. Зачленете го вашето дете во училишна или јавна библиотека така ќе имате повеќе избор за позајмување интересни книги.

 

  1. Не го споредувајте вашето дете со никое друго дете

Вашето дете е уникатно. Споредбата со други деца дури и со браќа или сестри не е од голема корист, напротив тоа може да донесе само поголема фрустрација. Подобро е во таква ситуација да се консултирате со наставникот и што да превземете за вашто дете да чита подобро.

 

  1. Обратете се на наставникот ако имате дополнителни прашања

Наставниците го сакаат тоа што го работат и тие се стручни за да го едуцираат вашето дете. Наставниците сакаат нивните ученици да се успешни. Ако сте загрижени за тоа што вашето дете не чита баш најдобро и најтечно, советувајте се со наставникот. Тие се секогаш расположени да ве советуваат со цел да се изнајде начин на кој ќе му помогнете на вашето дете да го постигне својот потенцијал.

 

 

 

 

www.brainobrain.com.mk

 

Прегледи:
435
Објавено на:
20.04.2017