Велигденските празници се време кога се прават разновидни декорации на јајцата, покрај традиционалните црвени, има и разновидни бои и дизајни, благодарение на непресушната креативност на луѓето секогаш наоѓаат начин да изненадат.
Франц Грум е словенец кој има уникатна и неверојатна техника за украсување на јајцата. Неговата рачна работа создава деликатни скулптури од јајца, секоја од нив има од 2500 до 17000 дупчиња, кои се создаваат со електрична бор машина. Ако погледнете одблиску во неговите дела ќе ја видите вистинската уметност кој ја создава Франц Грум, со гравирањето на лушпите на јајцата.