Новата песна на Тајзи, ја имаше својата интернет премиера во вчера, но официјално беше промовирана на фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Шпанија.
Телеком Арената „Филип Втори“ , за време на натпреварот Македонија- Шпанија за првпат „Омилена“ беше промовирана пред јавноста, а вчера ја доживеа и својата видео промоција. Покрај оваа песна, на каналот на Балкатон беше промовирана и новата песна на Ана Николиќ и Раста, кој е близок соработник на Драган Величковски Тајзи.
Спотот е дело на режисерот Илија Жоговски, а во него учествуваат над 50 статисти и е сниман на повеќе локации во Македонија и Грција. Песната е во летен регетон ритам, со љубовни стихови и позитивни вибрации.
За изгледот на „омилената“, се погрижи Atelier By Iva, облекувајќи ја во прекрасен и уникатен фустан.