Категории

Кејт Мидлтон прекрасна во розово на роденденот на кралицата

Оваа сабота кралицата Елизабета II го прослави својот 91 роденден. Целото кралско семејство присуствуваше на свеченоста приредена во нејзина чест во Бекингемската палата со традиционалната парада која ја одржуваат секоја година.

Ова е всушност втората прослава на роденденот на кралицата чиј роденден е на 21 Април, но оваа свеченост ја приредуваат во чест на оддавање почит кон јавноста. Кралицата ја отвори церемонијата со минутен молк во чест на загинатите во терористичкиот напад во Манчестер, Лондон.

На самиот почеток принцовите Вилијам и Чарлс традиционално пристигнаа на коњ облечени во милитарни униформи, додека војвотката од Кембриџ како и секогаш го украде сето внимание облечена во прекрасна отмена розова тоалета со потписот на нејзината омилена дизајнерска куќа Alexander McQueen во комбинација со розова шапка со потписот на Jane Taylor. Целосниот изглед го заокружи со пар обетки кои припаѓаа на кралицата.