Категории

6 апликации кои се најдобри за вежбање дома

Изговорите за избегнување на тренинг секогаш лесно се наоѓаат, но со присутноста на разновидни апликации за смартфоните, со помош на кои може да вежбате без оглед на тоа каде сте, се потешко е да најдете оправдување.

 

Не сакате групни тренинзи ни одење во теретана, немате време за тоа, а проблемот е и тоа што претходно не сте вежбале, па се плашите дека сите ќе гледаат во вас? Идеално решение за сите проблеми се апликациите на вашиот паметен телефон.

Тие овозможуват вежбање во вашиот дом, нудат разновидни тренинзи, ве мотивираат, а голем дел од нив овозможува и водство од виртуелен тренер. Издвојуваме неколку апликации кои може да ги земете и со себе на одмор, а благодарение на кои ќе ја постигнете саканата форма без да одите во теретана.

  1. Qinetic

Апликација за сите оние кои никако не можат да се натераат да одат во теретана: може да гледате тренинзи од различни стручњаци од фитнес индустријата, без разлика дали сте во потрага по зумба, јога или класични вежби.

  1. Freeletics Bodyweight

Ако сакате да ја користите сопствената тежина за да ги оформите вашите мускули за вас е Freeletics Bodyweight која доаѓа со голема предност: морате да пројдете фитнес тест пред да почнете за да ви биде оформен план на вежбање според вашите потреби.

  1. Sworkit

Апликација која ви дава да одберете дали сакате кардио, вежби за сила, истегање или меавина од сите нив. Одлична е за полетници, затоа што го покажува правилното изведување на секоја од вежба. Освен тоа ова е апликацијата која 2015. Година била наведена како онаа која се држи до најмногу препораки одAmerican College of Sports Medicine.

  1. Keelo

За сите оние кои се во потрага по вежби со висок интензитет тука е апликацијата Keelo – таа ќе ви помогне да се доведете во форма надвор од теретана, а предноста е и што постои можност да се посоветувате со виртуелен тренер кој одговара на вашите прашања, па ќе имате чувство како да имате личен тренер.

  1. Workout Trainer

Илјада бесплатни вежби со инструкции ,,чекор по чекор” ќе ги задоволи и оние најприбирливите. Без разлика на тоа дали барате вежби за зацврстување на стомачните мускули или само сакате да се вратите во кондиција, Workout Trainer има рутина која ќе биде идеална за вас..

  1. Seven

6 минути не се доволни, но 7 е друга приказна. Тоа е минимално време кое мора да го одвоите доколку сакате да видите некакви резултати, а апликацијата толку ви помага што не мора сами да испланирате – таа ќе направи се` за вас.

 

Прегледи:
2108
Објавено на:
22.08.2017