Категории

Холивудските убавици блеснаа во црно на првиот протест на „Time’s Up“ во Британија на BAFTA наградите

Анџелина Џоли, Маргот Роби и Џенифер Лоренс блеснаа во црно со класичен Холивудски гламур на црвениот килим на BAFTA наградите. 

Ова беше прво појавување на движењето „Time’s Up“ на територијата на Британија, а настанот се одржа во Royal Albert Hall во Лондон, втора година по ред, откако беше преместен од Royal Opera House.

27 годишната оскаровка, Џенифер Лоренс, блесна во шик издание во црна тоалета на Christian Dior.

Членовите на иницијативата испратија писмо пред доделувањето на наградите, како повик за носење на црно и подржување на движењето кое има за цел солидарност на жртвите од сексуално вознемирување.

Анџелина Џоли, во гламурозна тоалета од плишан материјал, со потписот на Ralph & Russo пристигна на црвениот килим, расположена се поздравуваше со фановите и нејзините колеги и позираше за фотографите.

На црвениот килим блесна и 27 годишната Маргот Роби, како и други ѕвезди облечена во црно.