Сакате тенок струк за да ве соберат омилените фармерки или костим? Ако се чувствувате добро во своето тело, значи дека сте среќни и дека за да го постигнете тоа ви била потребна комбинација на здрава исхрана и вежби. Одењето во теретана не е неопходно, потребни ви се 15 минути во денот.
Прва вежба
Легнете на под. Вовлечете ги стопалата кон вас и ставете ги рацете позади главата. Подигајте се така што со лактовите ќе ги допрате бутовите. Повторете ја вежбата во две серии по 15 повторувања, а подоцна можете да го зголемите бројот кога ќе почувствувате дека мускулите ви се зајакнати.
Втора вежба
Останете на подот и лежете рамно. Потпирајте се со дланките цврсто на подлогата. Подигнувајте ги нозете за цело време да бидат испружени. Потоа спуштете ги до подот и повторно подигнете ги. Повторете ја вежбата во две серии по 15 повторувања.
Трета вежба
Лежете странично потпрени на лакт. Потоа испружете се и подигнете се на стопала како да правите страничен мост. Останете така 60 секунди. Ако сакате поголемо оптеретување подигнете ја слободната рака и одвојте ја слободната нога од онаа на која стапалото и е на под.