Категории

Џенифер Лопез и Алекс Родригез повторно со синхронизиран стил еден со друг

Откако се во врска, Џенифер и Алекс постојано се во центарот на вниманието. Познатиот пар честопати се појавува со синхронизиран стил, за дневни ручеци, вечерни излегувања, па дури и кога се заедно на одмор на јахта.

Овој викенд беа забележани излезени на шопинг во продавница на Том Форд. Џенифер носеше Champion блуза, хеланки со принт – текст и Hermes Brikin бела чанта, во комбинација со бели патики, очила за сонце и округли обетки. Додека, Алекс беше во бели панталони и патики, тегет маица, искомбинирани со црн каиш, златен часовник и очила за сонце.

Прегледи:
510
Објавено на:
04.09.2018