Категории

Подгответе есенски колач со тиква за целото семејство (РЕЦЕПТ)

Тиквата има многу хранливи состојки па поради тоа се препорачува да се консумира редовно. Направете го овој колач од тиква и израдувајте ги членовите на вашето семејство.

Состојки:

5 јајца
200 гр кафеав шеќер
1 ванилин шеќер
прстофат сол
400 гр брашно
1 пециво
1/2 лажичка сода бикарбона
1/4 лажичка морско оревче
1/4 лажичка мелено каранфилче
1/2 лажичка цимет
1/2 лажичка ситен шеќер со портокал и ѓумбир
300 мл масло
600 гр рендана тиква
100 гр сечкани ореви
100 гр мешавина од суво грозје и брусница
За фил
500 гр тиква
100 гр шеќер
2 пудинга од банана
400 мл млеко
80 гр путер

Подготовка:

Јајцата ги матиме со шеќерите, пенасто, да се волуменизираат и побелат. Го додаваме маслото. Ги додаваме сувите состојки, брашно, сол, пециво, сода бикарбона и зачините, соединуваме. Ја додаваме ренданата тиква заедно со оревите и сувото грозје, мешаме со лажица до соединување. Целата смеса ја распоредуваме во голема ростер тава намрсена и набрашнета. Печеме во загреана рерна на 170 степени со вентилатор околу 50 минути. Го оставаме да подизлади. Тиквата за фил ја ставаме во тенџере заедно со шеќерот и околу 50 мл вода да ни се свари. Прашокот за пудинг го соединуваме со млекото. Со помош на рачен блендер варената тиква ја блендираме директно во тенџерето. Го додаваме млекото со пудинзите и интензивно мешаме до згуснување на целата смеса. Путерот го ставаме на крај, мешаме додека да се растопи. Малку да излади и го распоредуваме филот врз колачот.

Прегледи:
836
Објавено на:
02.11.2018