Категории

5 научно докажани придобивки од вежбањето пилатес кои ќе ви го променат животот

Секојдневно се соочуваме со стресови и хаотични ситуации. Секој од нас е во потрага по мир и спокојство кои ќе ни помогнат сѐ да дојде на свое место. Кога бараме внатрешна рамнотежа, ние обично ги разгледуваме популарните методи за самоподобрување, како што се медитација, поедноставување на нештата, потврда за нашите успеси од другите. Но, ретко кога се фокусираме кон вежбањето како техника за балансирање на животните состојби и ситуации.

Пилатесот е многу повеќе од тренирање и одржување на физичка кондиција. Секоја личност која што досега практикувала пилатес барем неколку месеци знае дека пилатесот не само што го обликува телото, туку исто така го избиструва умот и ви дава енергија и внатрешно спокојство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Но, како да го направите вистинскиот избор кога станува збор за пилатес студио со професионални и посветени инструктори? Секако, без многу двоумење вистинскиот избор е  PowerHouse Pilates првото професионално пилатес студио во Македонија. Токму тие се „виновни“ за менување на стилот на животот и навиките кај многу жени, пренесувајќи ја секојдневно љубовта кон пилатесот, а на тој начин и љубовта кон себе и своите здрави навики. Доказ за успешноста и напорната работа ова студио се нивните три локации: Дебар Маало, Кисела Вода и Аеродром. Изберете ја онаа која нјмногу ви одговара и направете нешто повеќе за себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Но, што е тоа што го прави пилатесот толку посебен? Овие 5 научно докажани факти ќе ви објаснат зошто пилатесот е вистинскиот избор за одржување на физичкото и менталното здравје.

1. Пилатесот ја подобрува вашата меморија и го тренира вашиот мозок

При крајот на 20-тите години од животот, повеќето од нас почнуваат да губат околу 1% од обемот на нашиот хипокампус, дел од мозокот кој е одговорен за меморијата и когнитивната функција. Нашите мозоци буквално се намалуваат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Долго време научниците мислеа дека сме родени со одреден број на мозочни клетки, но неодамна дојдоа до откритие дека нашиот мозок може да создаде нови клетки, а на тој начин се забавуваат промените и намалувањето на мозокот. Но, како може да дојде до ова?

Научни истражувања покажале дека луѓето кои практикуваат пилатес имаат значително посилна функција на мозокот.

2. Емоционална стабилност и ослободување од стрес

Пилатесот ви овозможува да го насочите вашето внимание на едно нешто – вашето тело. Потребно е да го прочистите вашиот ум и да се сконцентрирате на вежбите. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

Пилатесот ја ослободува тензијата во мускулите преку нежно истегнување и постепено вежбање. Енергичен тренинг со скокање ќе ви овозможи да ги метаболизирате стресните хормони создадени во вашите мускули. Откако ќе се ослобите од стресот во вашето тело, исто така ќе се ослободите и од стресот во својот ум.

3. Пилатесот ве прави посреќни

Ако го засакате пилатесот, тогаш ќе ве прави посреќни. Кога нашето тело доживува позитивен стрес, ендорфините се ослободуваат во телото што нè прави да се чувствуваме одлично. Ако уживате во тренингот и останете фокусирани на тоа, наместо да дозволите вашиот ум да талка на друго место, на крајот ќе се чувствувате среќни и смирени. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

4. Пилатесот е тесно поврзан со вашата креативност

Креативниот и отворен ум ни овозможува да го живееме животот целосно и да најдеме инвентивни начини за справување со предизвиците кои ги носи. Вежбањето и медитацијата ја подобруваат креативноста. Кога ќе искомбинирате овие две активности во пилатес тренингот ќе добиете уште подобри резултати за вашиот ум и вашето тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on

5. Пилатесот ја подобрува вашата самодоверба

Пилатесот е тесно поврзан со ставот и правилното држење на телото. Секако, тоа е многу важно и за вашето здравје, но и стекнувањето на самодоверба. Преку практикувањето на пилатесот добивате целосна рамнотежа помеѓу телото, умот и духот. Кога ќе ја постигнете оваа состојба, самодовербата доаѓа сама по себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PowerHousePilates (@powerhousepilates.mk) on


Доколку досега немавте доволно добра причина да започнете да вежбате пилатес, по овие сознанија не се сомневаме дека ќе се упатите до најблиското Powerhouse Pilates студио и ќе започнете со редовни тернинзи. Дозволете му на своето тело и ум да уживаат во сѐ она што им го нуди пилатесот бидејќи паметните луѓе избираат интелигентни движења.