Категории

11 цитати на Мадона кои треба да ги знае секој од нас!

Може да ја сакате, да ја мразите, може да ви пречат нејзините јавни настапи или да сметате дека не знае да пее, но не можете да не се сложите дека Мадона со причина ја носи титулата „поп кралица“ за која жестоко се бореше низ годините.

– Дојдов во Њујорк. Имав сон. Сакав да бидам голема ѕвезда, а не познавав никого. Сакав само да играм, да пејам и да ги правам луѓето среќни. Секако, сакав и да бидам славн и сите да ме сакаат. Но, веривајте ми кога ви велам, навистина се измачив за да го остварам тоа. Работата е сѐ – накратко го објаснила Мадона својот рецепт за успех.

Попрецизни совети може да пронајдете во нејзините песни, ставови, изјави кои ги давала на медиумите, а ние издвоивме 11 од нив кои треба да ги запомните.

„Ако вашата среќа зависи од тоа што општеството мисли за вас, тогаш секогаш ќе бидете разочарани.“

„Моите амбиции се исти како кога бев дете: сакам да владеам со светот!“

„Тешка сум, амбициозна и точно знам што сакам. Ако тоа ме прави во очите на другите лоша личност или кучка, океј.“

„Се ужаснувам од празни приказни и љубезни луѓе. Не сфаќам зошто ми се јавуваат непознати личности и ме прашуваат како сум, или ми кажуваат приказни кои немаат смисла, не значат ништо.“

„Голем број на луѓе се плашат гласно да кажат што сакаат. Токму поради тоа мислам дека многумина и не го добиваат она што го сакаат.“

„Подобро е да живееш еден ден како лав, отколку сто како овца.“

„Кога се двоумите, правете се дека знаете сѐ. Дека сте Бог.“

„Кога сум гладна, јадам. Кога сум жедна, пијам вода. Кога ќе посакам да кажам нешто, кажувам.“

„Јас сум сам свој мајстор. Ремек-дело кое сама го создадов.“

„Убавината ќе ја најдете онаму каде што ќе ја побарате.“

„Некогаш помислувам дека друго име не можев да добијам. Јас едноставно морав да се викам Мадона. Бидејќи како некој кој се вика Мадона може да биде нешто друго освен ѕвезда. Или ова или монархија.“

Прегледи:
679
Објавено на:
26.03.2019