Категории

За модерни, но и традиционални невести: Совршени пролетни венчаници!

За вкусовите не се расправа, а тоа важи и кога станува збор за изборот на идеалната венчаница за вашиот посебен ден. Иако постојат некои одредени стандарди до кои најголемиот дел од невестите се придржуваат, зошто да не експериментирате и да имате уникатна венчаница поинаква од сите претходно кои ги гледаме на свадбите?

Многумина се изненадени од застапеноста на црната боја помеѓу фустаните, но изгледа дека тоа е нешто за што модерните невести сѐ почесто се одлучуваат.

На неодамна одржаната модна недела за невести претставени се најновите трендови за оваа сезона. Ревиите се одржани во Мадрид, а на модната писта можеа да се видат различни модели, но и бои на фустани.

Покрај модерните фустани, голем дел од моделите се за традиционални невести кои не би сакале да експериментираат со боите.  Исто така, покрај класичните модели на венчаници, тука се и комбинезоните, фустаните со висок шлиц, но и шорцевите.

Доколку пролетта е вашата идеална сезона за свадба од соништата, покрај големиот број на идеи за венчаница, ние имаме за вас одличен предлог и при изборот на местото. Вашата уникатна венчаница одлично ќе се вклопи во единствениот и неповторлив амбиент на Хотел Континентал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Шест затворени сали и две романтични градини – идеални за свадби и прослави надополнети со комплетната професионална услуга која ја добивате од персоналот. Поради доаѓањето на пролетта и летото, градините со капацитет прилагоден според вашите потребни се идеалниот избор за вашата весела, посебна свадба, а при избор на храната добивате дури шест менија достапни со широк спектар на цени. Овде, во хотелот Континентал професионалниот тим кој долги години успешно се вбројува во лидерите кога станува збор за угостителската дејност, ќе ви помогне да ја создадете свадбата од вашите соништа, без оглед колку едноставна или грандиозна сакате да биде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on

Покрај тоа, добивате бесплатна комплетна фотосесија за свадбениот ден, сѐ со цел вашите спомени да останат запаметени, а вашиот уникатен изглед да го гледаат и идните генерации во вашето семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on

Хотел Континентал претставува спој на традицијата и модерното, искуство кое се користи за креирање нови стандарди при одржувањето на совршени веселби, свадби, прослави. Уникатната невеста заслужува уникатна свадба од соништата. Закажете го својот термин и уживајте во вашиот специјален ден!

Прегледи:
1460
Објавено на:
09.05.2019