Категории

Џенифер Лопез е прогласена за модна икона

Оваа година е среќна година на актерката и пеачка Џенифер Лопез. Минатиот месец на плажа на Бахамите го кажа судбоносното „да“ ставајќи го на рака дијамантскиот прстен вреден над 1 милион долари. А, овие денови го доби и признанието кое го чекала 20 години. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

Здружението на модни дизајнери во Америка ја прогласи Џенифер Лопез за модна икона, а како што се наведува во соопштението, Лопез со изборот на модните комбинации влијаела на светската модна индустрија.

Признанието ќе и биде врачено во текот на годината, на свечена церемонија која ќе се одржи во Њујорк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

 

-Стилот на Џенифер Лопез е храбар и секогаш незаборавен- истакнува Стивен Колб, претседател на Здружението на модни дизајнери во Америка, додавајќи- Дизајнерите, вклучувајќи голем број на членови од ова здружение уживаат да ја облекуват, без разлика дали на сцена или приватно.

Ова се само некои од незаборавните комбинации на латино дивата која ја доби титулата за модна икона.

 

 

Прегледи:
662
Објавено на:
18.04.2019