Категории

СРЕЌЕН ВИКЕНД ХОРОСКОП (27-28 АПРИЛ 2019 ГОДИНА)

Прочитајте што подготвуваат ѕвездите за вас овој викенд.

ОВЕН

Тешко ви е да се сконцентрирате на одредени обврски бидејќи периодов воопшто не ве држи место. Падот на концентрацијата е резултат на желбата што повеќе време да проведете со саканата личност. Сепак обрнете внимание и на другите аспекти од животот, хоби и интереси. Поволен период да научите нешто ново.

БИК

Ќе бидете принудени да се потпрете на вашите аналитички способности и самоконтрола во една ситауција во која ќе бидете неправедно обвинети. Вистината е вашата најдобра одбрана. Со обзир на тоа дека нема да можете да избегнете стрес, обидете се да најдете време за релаксација. Викендот е погоден за активности, а исто така и за размислување околу купување нов станбен простор.

БЛИЗНАЦИ

Ќе бидете во можност да преземете иницијатива во една работна ситуација, што нема да им се допадне на сите во вашето работно опкружување. Не се грижете за мислењето на другите – контактите кои ќе ги воспоставите викендов ќе бидат од големо значење за вашиот понатамошен успех. Денот е погоден за романтични моменти, но внимавајте на исхраната.

РАК

Потребно е викендов некои на личности да им објасните дека постојат граници преку кои не треба да преминуваат. По цена и да дојде до заладување на некои односи, вие имате право на приватност и тоа никој не треба да го загрозува. Во финансиите ве прати среќа, па ќе имате успех во трансакциите и игрите на среќа. Водете сметка за телесната температура и движете се повеќе.

ЛАВ

Со минимум напор ќе ги совладате сите препреки на патот на саканите цели. Проблемите кои претходно ви задаваа главоболки сега се решени комплетно. Не им придавајте значење на некои полувистини кои денес ќе допра до вас. Исто така, не преземајте одговорност за ничии постапки. Потребно е освежување во љубовниот живот, а ако сте сингл потенцијалниот партнер ќе го запознаете во една многу необична ситуација.

ДЕВИЦА

Тешко прифаќате сугестии и сметате дека вие најдобро знаете кога станува збор за вашата работа. Сепак, од вас се очекува да бидете дел од тимот и прашање е како вашите ставови ќе се вклопат во тоа. Јачината на вашата желба за љубов може да резултира со бурни реакации во однесувањето со најблиските. Поведете сметка за имунитетот и контрола на крвната слика.

ВАГА

Професионалните и социјални амбиции ќе ги остварите само како дел од тимот. Заборавете на индивидуалноста, бидејќи ако не сте подготвени за компромис, проблемите, но и неуспехот, се неизбежни. Обидете се да излезете од секојдневната рутина, бидејќи малку сте заборавиле на спонтаното смеење и шегување. Обидете се да ги избегнете и кавгите со најблиските, а сѐ поради вашата изразена потреба за критицизам.

ШКОРПИЈА

Мора да попуштите во една ситуација, ако сакате да го остварите она што сте го замислиле. Може да се почувствувате понижени па дури и посрамотени, затоа добро размислете дали тоа ви е потребно. Не обрнувајте внимание на некои информации кои ќе ги добиете во текот на викендот, а се однесуваат на некој од вашето опкружување. Дистанцирајте се од трачеви.

СТРЕЛЕЦ

Не дозволувајте минорни работи да ви го одвлечат вниманието од она што е навистина важно. Ќе имате доволно сила да се соочите со сите предизвици. Еден пријател би сакал да ве види и да поразговара со вас на некоја специфична тема. Бидете внимателен соговорник и советувајте го од срце – бидејќи ќе сака да чуе од вас како би постапиле во таа ситуација.

ЈАРЕЦ

Имате впечаток дека ви е потребна повеќе енергија, труд, упорност отколку на другите, за да напредувате во кариерата. Заборавете на чувството на пониска вредност и сталожено прифатете ги сопствените ограничувања. Постои опасност да се почувствувате истрошено, веќе на половина паат. Овој викенд е погоден за дружење со семејството и пријателите.

ВОДОЛИЈА

Се наоѓаате пред избор кој не е нималку лесен: да го поминете викендот во кругот на семејството и да бидете утеха некому или да се окупирате со работни обврски кои ви се насобраа. Обидете се да одредите приоритети, за да не ја расфрлате енергијата насекаде. Еден неочекуван повик може да ви го разубави денот. Здравствената ситуација е добра, но најдете време за физичка активност.

РИБИ

Во една ситуација ќе бидете принудени да направите избор кој нема да ви се допадне. Сепак, гледајте ги работите на посветлата страна – долгорочно набљудувајќи, знаете дека тоа е во ваш интерес. Некои долгови од вашето минато доаѓаат на наплата, а се однесуваат на емотивниот живот. Потрудете се да ја задржите ладнокрвноста и да не правите драма околу тоа.

Прегледи:
427
Објавено на:
25.04.2019