Нешто што е хит денес, веќе утре може да биде аут и тешко е да се препознае колку долго ќе се задржи одреден тренд. Доколку им веруваме на модните стручњаци, овие 5 актуелни трендови од ова лето повеќе нема да бидат во мода.
Ташнички околу струкот
Заменете ги овие ташнички со оние кои се носат преку рамо.
Откриени раменици
Ова лето, наместо откриените раменици, изберете маичка на едно рамо во асиметричен облик.
Сламени шешири
Минатото лето беа во мода големите сламени шешири, а по овој екстравагантен тренд следува еден стар на кој сигурно не се надевате. Станува збор за рибарските шешири какви што се носеа на крајот на 90-тите и почетокот на 2000-те.
Прекратки шорцеви
Прекратките шорцеви кои само што не го откриваат задникот, оваа година се аут. Наместо нив, во мода се тексас бермудите кои одат до колена.
Едноставни бикини
Класичните бикини со триаголници ова лето паѓаат во втор план, а ги заменуваат необичните и впечатливи модели со додатоци како волна, реси, машни…