Категории

Изрази ја својата болка со зборови! Неизговорената болка го гуши срцето додека не пукне: Најпознати мисли на Шекспир!

Вилијам Шекспир (1564-1616) е најголемиот драмски автор на светот и за сите времиња. Тој е претставник на ренесансата од Англија. Иако живеел и творел пред четири века, неговите драми се уште се изведуваат во театрите ширум светот, а за актерите најголем престиж е да играат некој од неговите ликови.

Колку очи треба да има човекот за да ја забележи среќата која го опкружува?

Глупавиот мисли дека е мудрец, а мудрецот знае дека ништо не знае.

Помогнете им на другите, и ви гарантирам дека ќе ја добиете најголемата награда – богатство и смисла на животот.

Внимавај со извинувањето да не направиш уште поголема грешка.

Кој не патува никаде останува прост.

Ако некого го мразат многу луѓе, тоа мора да е добар човек.

Изрази ја својата болка со зборови! Неизговорената болка, го гуши срцето додека не пукне.

Најискрени се оние солзи кои ги лиеме сами над себе.

Љубовта се раѓа, живее и умира во очите.

Светот е интересен онолку колку што сме љубопитни.

Светот е театар во кој секој ја игра својата улога.

Смеам да правам сѐ она што му доликува на човекот, кој смее повеќе од тоа тој не ечовек.

Слабост, името ти е жена.

Кој го презира лебот, ги собира трошките од масата.

Прегледи:
794
Објавено на:
17.05.2019