Категории

20 изреки од познати личности кои ќе ве инспирираат да го промените начинот на размислување

Дали сте забележале дека кога некој цитира изреки од познати личности при разговор, стекнува поголем кредибилитет и неговите зборови добиваат поента?

Се погриживме да избереме цитати кои не само што се важни, туку и го објаснуваат начинот на живеење – да изберете да бидете среќни и да поставите свој пат во животот, наместо да следите нечии соништа и аспирации. Помнењето на овие инспиративни цитати не само што може да направи да изгледате паметно во разговор, туку и да ги промените сопствените ставови за животот.

Маја Ангелоу „Научив дека луѓето ќе заборават што сте кажале, ќе заборават што сте направиле, но никогаш нема да заборават како се чувствувале поради вас.“

Пол Вокер „Запомнете дека колку и да мислите дека сте кул, никогаш не сте толку кул за да гледате некого одозгора.“

Нелсон Мандела „Научив дека храброста не е недостаток на страв, туку триумф над него. Храбар човек не е оној кој не чувствува страв, туку тој кој го надминува стравот.“

Мартин Лутер Кинг „Нашите животи започнуваат за да стават крај на молчењето за работите кои се важни.“

Винсент Ван Гог „Доколку слушате глас кој ви кажува дека не знаете да сликате, тогаш сликајте сос ета душа и тој глас ќе замолчи.“

Абрахам Линколн „Не се бројат годините во вашиот живот. Туку животот во тие години.“

Лав Толстој „Сите размислуваат како да го променат светот, но никој не размислува како да се промени себеси.“

Алберт Ајнштајн „Не се стреми да бидеш успешен, туку да бидеш ценет.“

Волт Витман „Насочи го лицето секогаш кон сонцето – и сенките ќе бидат позади тебе.“

Стив Џобс „Твоето време е ограничено, затоа не го троши на нечиј друг живот.“

Марк Твејн „Двата најважни денови во твојот живот се денот кога си се родил и денот кога ќе дознаеш зошто.“

Стивен Хокинг „Колку и да ви изгледа животот тежок, секогаш може да направиш нешто и да успееш.“

Елеонор Рузвелт „Запомни, никој не може да те направи инфериорен без твоја согласност.“

Далај Лама “Среќата не е дефиниција. Таа произлегува од вашите дела.“

Опра Винфри „Доколку се фокусирате на она што го имате во животот, секогаш ќе имате повеќе. Доколку го барате она што го немате во жвивотот, никогаш нема да имате доволно.“

Хенри Форд „Кога сѐ ви изгледа е против вас, сетете се дека и авионот оди во спротивна насока на ветрот.“

Пабло Пикасо „Секое дете е уметник. Проблемот е како да го задржите тоа кога ќе пораснете.“

Френк Синатра „Најголемата одмазда е масивниот успех.“

Теодор Рузвелт „Верувај дека можеш и веќе си на половина пат до успехот.“

Џон Ленон „Животот е она што ти се случува додека правиш планови.“