Дали некогаш се запрашувате како и зошто во последните децении дојде до масовна појава на дебелеење низ светот и зошто во претходните децении и векови општеството немало толкави проблеми со вишокот килограми во споредба со денешните глобални размери? Ова се некои од причините и предлози за решавање на овој светски проблем.
Проблемот на дебелината
Дебелината, нејзините причини и решенија не се така едноствна и линеарна работа. Според Светската здравствена организација, „Контрола на глобалната епидемија на дебелеењето“, дебелината е сложена состојба, со сериозни социјални и психолошки димензии, која допира до сите старосни и социјално-економски групи и се заканува да ги преплави и развиените, земјите во развој и сиромашните земји.
Големата нееднаквост и разликите во образованието, исхраната, маркетингот, дистрибуцијата, транспортот, приходите, културата, политиката, желбите и вредностите, формираат неверојатно голем чвор во проблемот со дебелината.
Дебелината рапидно расте
Многу доктори говорат и предупредуваат: „Ако мислите дека сега сме дебели, само почекајте!“ Но тоа е суровата вистина. Дебелината расте во поголемиот дел од земјите во светот, како и во нашата земја и тој раст драстично се забрзува. Само во последните 15 години, бројот на возрасни и деца со вишок килограми речиси се дуплирал и дошол до бројка од две милијарди. Само во САД, до 2030. година, се очекува бројот на луѓе со прекумерна тежина да порасне од сегашното ниво до 35% на некаде околу 42% и 50%.
Дебелината е глобален проблем
Она што некогаш беше проблем во водечките светски земји, постепено стана светски тренд. Ширум Европа, зија, Латинска Америка, Австралија и Африка секојдневно се бележи значителен пораст на здравствените проблеми поврзани со дебелината, прекумерната тежина и сите последователни проблеми кои настануваат подоцна.
Како да се стави крај на прекумерната тежина?
Станува збор за решавање на голем предизвик. За да почнеме да го решаваме полека треба најпрво да станеме свесни за проблемот и да почнеме да мислиме на себе. Какво е нашето мислење и ставови за дебелината? Дали сме свесни дека првите неколку вишок килограми рапидно растат во текот на годината? Денес 2,3 килограми вишок, утре 5, за една година 7, за неколку години 10-15. Каков е нашиот став за здравата исхрана и животот?
Потребно е секојдневно да се размислува за овие прашања, а потоа да се одреди правецот и подготвеноста за живеење здрав живот. Почетокот може да биде тежок, но со тек навреме, секој залак здрава храна може да биде повкусен од било која торта или месо. На тој начин, организмот ќе ви го врати здравјето, витката линија и подготвеноста да уживате во секој нов ден. Уште ако на сето тоа го додадете и вежбањето, или било која физичка активност, тогаш ќе ја постигнете формулата на совршенство и така ќе се чувствувате. Вреди, зар не?