Многу витамини кои ги содржи овошјето делуваат на либидото и го подобруваат сексот. Секако дека има уште многу фактори кои влијаат на сексуалниот живот. Но, сепак и овошјето може да ви помогне со афродизијачкиот ефект.
Јагоди
Јагодите делуваат на страста во креветот. Причината е во големите количини на витамин Ц и цинк кои го зголемуваат либидото.
Цитруси
Конзумацијата на портокали, лимони и грејпфрут првенствено ќе им биде од корист на мажите. Тие се богати со витамин Ц, но и го подобруваат квалитетот на спермата.
Смокви
Ова овошје е едено од најпознатите афродизијаци. Смоквите содржат супстанци кои се добри за здравјето на срцето, заситуваат, а не предизвикуваат надуеност. Освен тоа, содржат и многу витализирачки состојки, како што е фосфорот.
Калинка
Калинката не била без причина омиленото овошје на божицата на љубовта Афродита. Таа е симбол на страственост и плодност. Содржи естрон кој позитивно влијае на либидото.
Банани
Супстанците кои ги содржат бананите делуваат позитивно на сексуалните хормони кај мажите. Освен тоа, бананите содржат многу магнезиум кој ја стимулира простатата.