Категории

Дали ги знаеме ефектите на Сонцето врз телото?

Сонцето е најсилно во летните денови. Како тоа влијае на телото?

Кожа
Црвенилото и појавата на изгореници од сонцето се хемиски одговор на прекумерното изложување на ултравиолетовите зраци. Изгорениците од сонце не се како останатите изгореници. Кога ќе изгорите на сонце на вашата кожа се случува хемиска реакција која предизвикува чешање, црвенило, дехидратација, болка, а во потешките случаи и пликови.
4-7 дена по изложувањето на сонце кожата се смирува и почнува да се лупи. Тоа е природен начин на кој телото се ослободува од мртвите клетки. Понекогаш прекумерното изложување на сонце може да предизвика и зголемена телесна температура.

 

Стапала и раце
Рацете и стапалата се потат и на тој начин создаваат притисок заради кој прстите и обувките ни стануваат неудобни и тесни. Во лето е најубаво да се тргне цел накит, а да се носи лесна и отворена облека од природни материјали.

Коса
Сонцето ја избелува косата. Освен тоа, косата станува поосетлива, исушена, па се јавуваат испукани врвови. Меѓутоа, косата е дел од организмот чии клетки најдбрзо се обновуваат, а летото го потикнува нејзиниот раст, па многу брзо по летото може да се врати сјајот и цврстината. Во лето не би требало да се изложувате на хемикалии, односно фарбање на косата бидејќи на тој начин го зголемувате ризикот од оштетување на косата.

 

Срце
Ограниченото излошување на сонце може да биде добро за здравјето бидејќи ја зголемува ефикасноста на срцето. Како што телото се обидува да се олади- протокот на крвта се зголемува. Меѓутоа, губитокот на течности кои ги предизвикуваат високите температури, ја отежнува работата на срцето, па континуираните високи температури го зголемуваат ризикот од срцев удар.

Дигестивен систем
Топлото време влијае на апетитот. Во ладните денови повеќето калории кои ги внесуваме се трошат за загревање на телото. Кога температурата на воздухот е висока телото не треба да се загрева само, па затоа потребно му е помалку храна, односно поретко чувствуваме глад. Стручните лица истакнуваат дека сепак е многу важно правилно да се храниме и да не ги прескокнуваме оброците. Посебно е потребно да се внесува доволна количина на вода, затоа што кога ќе се почувствува жед телото веќе е во почетна фаза на дехидратација.

Бубрези
Кога телото дехидрира организмот се обидува да зачува колку што е можно повеќе вода,бубрезите работат повеќе, па доколку не се внесува доволно вода постои можност за нивно оштетување. Најдобро е во лето да се почитува пирамидата на исхраната, а ако сте на диета која исклчува сол пијте доволно минерална вода. 6-7 чаши вода е најважниот летен рецепт.