Руски поговорки кои ќе ве натераат да размислите за животот и неговите принципи.
- Со скапата капа нема да ја скриеш сиромаштијата во твојата глава.
- Полесно е кавгата да ја избегнеш, отколку да ја завршиш.
- Ако одиш брзо ќе наидеш на неволја, ако одиш споро, неволјата тебе ќе те стигне.
- Не фали ме во очи, не ме оговарај зад грб.
- Човекот не е љубоморен кога сака, туку кога сака да биде сакан.
- Кој го навредува небото, нема кому да се моли.
- Бргу се сушат солзите за туѓата болка.
- Среќата е како грозница: кого сака, него го напаѓа.
- Човековата злоба секогаш доаѓа од немоќ.
- Тајната на човекот не е во тоа да живее, туку зошто живее.
- Висината на културата се одредува според односот кон жената.
- Само солзите во срцето знаат за голема болка, но не и солзите во очите!
- Девојките мислат на брак, омажените мислат на љубов.
- Двајца можат повеќе од еден, но еден може повеќе од десеторица.
- Најдобро патува оној кој знае каде треба да помине.
- Детето е како тесто: како си го замесил, така ќе порасне.
- Никогаш не умира само оној човек кој зад себе остава деца!
- Љубезниот збор е како пролетен ден.
- Пријателот ќе се сложи со тебе, но вистинскиот пријател ќе се расправа со тебе.
- Стави на јадица пофалби, па ќе уловиш будали.
- Многу да знаеш, значи предвреме да остариш.
- Додека парите зборуваат, вистината молчи.
- Сиромаштијата е грев кој богатите никогаш не го простуваат.
- Од својот труд ќе бидеш сит, но не и богат.
- Биди уверен дека си во право, па потоа оди напред.
- Долго чека оној кој нестрпливо чека.
- Стравот е првиот помошник на непријателот.
- Кога мажот пие, половина куќа гори; кога жената пие, гори цела куќа.
- Богаташот во тепачка настојува да го зачува лицето, сиромавиот капутот.