Категории

За витко тело: Протеинска салата со леблебии и пченка готова за 5 минути! (РЕЦЕПТ)

Оваа салата е одлична за оние денови кога немате многу време, бидејќи за да ја подготвите ви се потребни само 5 минути. Многу е здрава, богата со протеини кои се неопходни за правилен развој на мускулите и многу е вкусна.

Состојки:

  • 1 шолја леблебии
  • 1/2 шолја киноа
  • 1/2 шолја варена пченка
  • 1/2 шолја варен грашок
  • 3 лажици маслиново масло
  • неколку листови нане
  • 1 домат
  • сол и бибер
  • малку сушен темјан
  • малку лимонов сок

Подготовка: 

Подготовката е многу едноставна. Сѐ што треба да направите е да ги ставите состојките во чинија, да ги промешате и вашиот оброк е подготвен.

Добар апетит!