Категории

Мајли Сајрус се разведува по само една година брак

Таа изјави дека многу луѓе никогаш нема да можат да го разберат нејзиниот брак

Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт се разведуваат после една година брак, а причината ги шокира многумина.
Извор близок на штотуку разделениот пар потврди дека тие се разведуваат.
„Лиам и Мајли се договорија да се разделат. Двата се одлучија да се посветат на себе и на своите кариери.“

Исто така изворот потврди дека тие се посветени „родители“ на своите миленици, и дека луѓето треба да ја почитуваат нивната приватност, иако парот веќе имаше проблеми откако Мајли споделила интимни детали од нивната врска.

Познатата пеачка и актерка објави фотографија на која веќе не носи бурба, а забележана е и како страсно се бакнува со Кејтлин Картер со која беше заедно на одмор во Италија.

Мајли сподели дека е во хетеросексуална врска, но и понатаму сексуално ја привлекуваат жени. Притоа изјави: „Луѓето стануваат вегетаријанци поради своето здравје, но сланината и понатаму е премногу добра!“

https://www.instagram.com/p/B09DWxfg1xO/?utm_source=ig_embed

Мајли Сајрус и порано зборуваше за својата врска со актерот Хемсворт..
„Мислам дека луѓето ги збунува тоа што сум омажена. Мојата врска е единствена. Мислам дека никогаш нема да биде јавно прифатена, затоа што е толку комплексна модерна и нова и така да мислам дека луѓето никогаш нема да можат да ја разберат!“