Категории

Не сокривај се себеси – баш ти е гајле што мислат другите

Ако си доволно среќна да бидеш емотивна личност, веројатно не се сметаш за среќна личност.

Живееме во свет во кој ти посочуваат дека покажувањето на чувствата те прави ранлива и слаба. Поради тоа ја криеме својата осетливост и го убиваме сочувствувањето. Се преправаме дека сме студени и мирни.

Зошто? За да се вклопиме?
Смешно е што целиот свет и понатаму не е среќен. Ако си премногу студена, ќе ти кажат да омекнеш. Магичниот круг секогаш продолжува и одеднаш се наоѓаш помеѓу тоа дека или ти е премногу грижа или воопшто не ти е.
Зошто? За да бидеш како и сите останати?
Во обидот да се вклопиш, потполно ќе се изгубиш себеси. Ќе бидеш некој на кого светот му одредува колку смее да чувствува.
Зошто? За и понатаму да бидеш несреќна?
Затоа немој.
Немој да дозволиш светот да го убие твоето сочувствување. Немој да дозволиш светотот да те направи студена. Ако ти кажат да не бидеш толку драматична, сети се дека на светот не му требаат луѓе на кои не им е гајле за ништо. На светот не му требаат луѓе кои ги омаловажуваат туѓите чувства.
Зошто тогаш да бидеш како нив? За тие да можат да се чувствуваат подобро додека ги губат своите животи?

Немој да бидеш една од тие луѓе. Биди личност каква што си, прегрни ја цврсто секоја емоција која ја чувствуваш. Заради неа си единствена, и баш поради својата способност да чувствуваш. Тоа му е потребно на светот. Нека ти биде гајле што мислат другите за тебе, затоа што се дури се грижиш за тоа што мислат тие, тие ќе те поседуваат. Биди своја!

Прегледи:
464
Објавено на:
15.10.2019