Категории

Нешта кои секоја жена треба да ги научи пред 30-тата

Секоја жена мора да ги сфати овие нешта пред да влезе во златната 30-ка

Во астролошка смисла Сатурн се враќа во позицијата каде бил во моментот на раѓањето во добата помеѓу 28 и 31 година, а тоа кажува дека тогаш личноста станува возрасна во вистинска смисла, и девојките стануваат вистински жени. Тинејџерските денови, како и дваесеттите години од животот ја формираат личноста. Таа тогаш учи и се развива со цел во своите триесетти да влезе како формирана особа.
Што секоја жена треба да научи пред да влезе во своите 30-ти?

-Штедење. Наместо да купувате екстра пар чевли, жената би требала да размислува за својата финансиска сигурност.

-Да го сфаќа животот помалку озбилно. Тоа што го прави во своите дваесетти има влијание, но не баш на целиот живот.

-Хеланките никогаш нема да станат панталони, без оглед на тоа колку посакувате. Важиот задник не изгледа добро во хеланки како во фармерки, па хеланките не е добро да ги комбинирате со кратки маици.

-Да научите да го претворате планот во дело. Во триесеттите жените би требало да знаат дека нешто што се повеќе се одолговлекува, потешко е да се оствари.

-Да работите многу и да се забавувате уште повеќе. Важно е во своите триесетти да не бидете затворени, затоа што тогаш може да се појави чувство дека нешто сте пропуштиле. Исто така, би требало да научите да се грижите за себе и да работите, во спротивно во триесеттите би можеле да се чувствувате како да сте заглавени во времето.

-Дваесеттите се време на откривање, а триесеттите на примена. Во дваесеттите се формирате како личност, а во триесеттите консолидирате.

-Да научите да ги избегнувате лошите нешта. Секогаш постои начин како да се извлечете од лоши ситуации.

-Да го победите стравот. Во триесеттите не би требало да се плашите од животот.

-Да сфатите што сакате од животот. Ако никако не сте го сфатиле тоа досега, правете се што сакате и правете го тоа напорно. Со текот на времето она што ви најважно ќе излезе на виделина.

-Секогаш ќе има такви кои ве мразат, но и такви кои ве обожаваат.

-Дека не вреди да ги задржувате сите пријателства. Откажете се од некои кои не ви помагаат да станете подобра личност, и променете се себеси на подобро.

-Да ја сфатите својата вредност. Секоја жена треба да знае дека е единствена и вредна, и покрај своите маани.

 

 

Прегледи:
624
Објавено на:
24.10.2019