Категории

Стајлинг како створен за есенските денови: Хајди Клум повторно блеска!

Таа блеска во последно време, а модните комбинации стануваат се подобри

Хајди Клум (46) успеа да воодушеви уште еднаш со својот изглед. На снимање на емисијата „Америка има талент“, таа се појави во стајлинг што дури и најголемите модни експерти не можеа да пронајдат мана.

Панталони во лежерен крој во боја на сенф и сако во иста боја во комбинација со бела класична маица се одличен избор за есенските денови.

Овој монохроматски стил е многу популарен, затоа не е изненадување што Хајди не му одолеа. Јаките бои се одлични за секого и секогаш се вистинскиот избор.

Таа го надополни стајлингот со бели патики, големи очила и плетена торба, што исто така е голем хит оваа сезона.

Оваа модна комбинација е одлична кога сакате да ви биде удобно, а во исто време да изгледате стилски и трендовски.

Прегледи:
577
Објавено на:
23.10.2019