Категории

Сензуална и мистериозна – откријте се за жената ШКОРПИЈА

Жените Шкорпии се едни од најфаталните меѓу 12 знаци во хороскопот..

Таа е егзотична и магнетно привлечна, а во зависност од расположението, мирна и бурна како море. Ја краси извонредна интуиција и прилично ја привлекуваат егзтерични, окултни и духовни искуства кои нудат некоја врста на длабок увид.
Никогаш не смеете да ја земете здраво за готово, таа е директна, брилијатно претпазлива и продорна, бестрашна и тврдоглава, и успева да се соочи со сите препреки во животот и да ги надмине сите проблеми со подигната глава.

Жената Шкорпија сака почетоци и јасни завршетоци. Таа е самоуверена, снаодлива и силна жена која е одлучна да успее. Не бега од напорната работа и е спремна да жртвува многу за да ја достигне својата цел.
Се зборува за застрашувачката љубомора на жената Шкорпија која е само мит. Таа навистина може да покаже силна љубомора но тоа го прави секој знак, но сето тоа зависи од нејзиниот партнер. Изневерувањето го смета за смртен грев и никогаш не простува.
Од партнерот го бара она што и самата е спремна да го понуди, потполна верност и предаденост, а за својот маж е спремна да направи се. Го фали и се гордее со неговите успеси подеднакво како и за своите, го поттикнува и бодри и му влева самодоверба кога му е потребна. Го брани кога другите збруваат лошо за него и му помага во неговата кариера.

Жената Шкорпија умее да биде најдобар пријател на светот но и најлош непријател. Таа е посветена во пријателстото и го смета за едно од најважните нешта во животот, но предавството никогаш не го заборава. Ако и докажете дека сте благодарен пријател, таа ќе биде покрај вас и во добро и во зло. Тајните кои ќе и ги доверите ќе ги задржи само за себе и ќе ги чува како највредното богатство и никогаш нема да ја слушнете како шири трачеви.

Жената Шкорпија ја краси фатална убавина а кога ќе влезе во просторијата сите очи се вперени во неа. Во главно ја красат темна коса и тен, елегантни и сензуални усни и заводлив глас. Таа има цврста градба и конструкција и помалку остар изглед. Таа е самоуверена со ибез шминка, не е роб на модата и трендовите и има свој сопствен стил со кој остава траен печат.